Oxette.mk

Услови за користење

ЗИН 2003 доо (Oxette) Ви овозможува користење на услуги и содржини од овој портал во согласност со долунаведените УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ. Условите за користење важат за сите содржини и услуги на страницата www.oxette.mk.

Корисниците се смета дека се запознаени со овие услови доколку користат било кој дел од порталот, како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој портал само за лична употреба и на сопствена одговорност.

1. ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

ЗИН 2003 доо Скопје

Адреса: Бул. Кузман Јосифовски – Питу бр.28, ламела 1, локал 5 Скопје

Тел: 02 321 58 09

email: info@oxettemk.com

WEB: www.oxette.mk

ЕМБС: 5810493

ЕДБ: 4030003492525

Шифра на дејност: 47.77

2. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

3. ОПШТИ ОДРЕДБИ

www.oxette.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

ЗИН 2003 доо (Oxette) ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

ЗИН 2003 ДОО (Oxette) може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

  • Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.oxette.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

  • Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  • Кориснички блог

ЗИН 2003 доо (Oxette) го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница Oxette, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Северна Македонија.

4. КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница не мора да бидете наш регистриран корисник.

  • Избор на производи

На почетната страница поставено е главно мени каде што може да изберете една од категориите: продавница, нова колекција, накит, часовници, за него и попуст.

Ако ја одберете кетегоријата накит се отвара паѓачко мени со листа на следните производи: огрлици, белегзии, обетки, прстени и за бебе

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според боја и цена. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување на сликата од производот. Исто така можете да го користите полето за пребарување каде што можето да ја внесете шифрата или името на производот за кој сте заинтересирани.

Со притискање на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да го додадете истиот производ во кошничката.

Сите цени на страницата се изразени со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ18%).

  • Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

  • Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето “ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА” за да го извршите плаќањето. Потоа ќе биде потребно да ги внесете податоците за да се реализира доставата (име и презиме, адреса, град, телефон и е-маил адреса). Исто така ќе треба да го одберете и начинот на плаќање (на врата или со платежна картичка). За успешно да ја завршите нарачката мора да се согласите со услови за користење и да кликнете на полето “НАПРАВИ НАРАЧКА”

Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 3.000 денари, испораката е на трошок на купувачот и чини 150.00 денари од пратка, во или надвор од Скопје.

  • Плаќање

Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка или во готово.

Секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), заради дополнителна потврда на достапноста на нарачаниот производ. Во работни денови авторизацијата се врши од 09:00 до 17:00 часот. Во тој период ќе добиете повратна информација дека купопродажбата е затворена.

Информациите за авторизацијата за купопродажбите по 17:00 часот во работни денови се доставуваат наредниот ден.

Информациите за авторизацијата за време на викенди и празници се доставуваат првиот работен ден.

  • Достава

Рокот на испорака е до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

  • Рекламации

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате на телефонскиот број 02 321 58 09, во период од 09 до 20 часот или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата oxettemk@yahoo.com и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок. Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори.

Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок или може да го донесете лично во нашите продажни места. За да се замени или врати производ, истиот задолжително мора да биде неоштетен и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата. Доколку се работи за замена, по приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае и до 7 работни дена.

  • Поврат на производи

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, ЗИН 2003 доо  (Oxette) има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

  • Заштита на приватноста на податоците

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и телефонски број. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата ЗИН 2003 (Oxette) се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата ЗИН 2003 (Oxette) се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк Банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.