Политиката за приватност го објаснува начинот на кој ЗИН 2003 доо (Oxette) ги собира, обработува и користи податоците собрани од Вас при посета на веб-страницата www.oxette.mk и/или користење на услугата on-line продажба на Oxette.
Со пристапот на веб-страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Оваа политика за приватност Ве информира за видот на материјалот што го собираме и како го собираме, за причините зошто го собираме и го користиме, за Вашите права и избори во врска со нашата употреба на Вашите податоци, за тоа како се обработуваат Вашите податоци и со кого може да се споделат и колку долго ги чуваме Вашите податоци итн. Ве молиме, прочитајте ја внимателно.
1. Кои лични податоци ги собираме?
При посетата на веб-страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку ги користите услугите на нашата веб-страница се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При користење на услугата on-line купување, за успешно да ја обработиме вашата нарачка потребни ни се следните податоци:
- вашето име и презиме
- адреса и град
- телефонски број
- е-пошта
Дополнително, нашата веб-страна користи „колачиња“, а за повеќе информации Ве молиме прочитајте ја нашата Политиката за „колачиња”.
Сите податоци за еден клиент/корисник се чуваат во најстрога тајност и се достапни само за вработените на кои им се потребни податоците за да ја извршат работата.
2. Начин на собирање лични податоци
При користење на услугата за on-line купување податоците се собираат директно од Вас, односно на тој начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или пак автоматски преку алатката „колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за ,,колачиња’’).
3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?
Oxette ги собира и обработува Вашите лични податоци за следните цели:
- овозможување на on-line користење на нашите услуги.
- за реализација на on-line купување достапно на нашата веб-страница www.oxette.mk, навремена и точна испорака и наплата на цената за продадените производи.
- за рефундирање на средства.
- за контакт по пат на електронска пошта.
- навремено информирање на корисниците за нашите производи, како и за актуелните акции и промоции.
- ажурирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.
4. Начин на обработка и рокови на чување на Вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат од страна на вработени лица кои што имаат пристап до истите и кои се овластени да извршуваат анализи, со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Дополнително, Oxette применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, тие ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Oxette има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци доставени преку веб-страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:
- податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка/фактура.
- податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена.
- податоците дадени за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста.
- податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 1 година од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.
5. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија преку е-маил за нашите производи, услуги и акции.
Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за оваа цел.
Имате право во секое време согласноста за користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг да ја измените или повлечете
6. Вашите права како субјекти на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
- да се информирате од Oxette околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени.
- да побарате од Oxette да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто треба да постапиме по истото во рок од 15 дена и да се изврши исправка на личните податоци.
- да побарате од Oxette да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат.
- да побарате од Oxette да ги избрише Вашите лични податоци, при што имаме обврска да ги избришеме Вашите личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци.
- да поднесете барање до Oxette со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци.
- да поднесете приговор до Oxette за начинот на обработката на Вашите лични податоци.
- да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
За остварување на овие права, може да не контактирате на:
Е-маил адреса:
Контакт телефон:
или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:
Име и презиме: Елена Јанкоска
Контакт телефон:
Е-маил адреса:
7. Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Oxette и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
8. Промена на политиката за приватност
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата веб-страна. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Затоа Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата веб-страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.