За Oxette.mk
Нашата приказна
ЗИН 2003 доо е застапник на франшизата во Македонија за брендовите OXETTE и LOISIR на Perideo S.A кој активно се занимава со производство, дистрибуција и продажба на накит, часовници и модни додатоци.
Во Македонија првиот продажен салон на Oxette е отворен во февруари 2006 година во ГТЦ на првиот кат. Нашето второ продажно се наоѓа во Skopje City Mall приземје и отворено е во октомври 2012 година.
Со повеќе од 25 годишно искуство, Oxette успеа да изгради силно присуство во целиот свет. Брендот прв пат е лансиран во Атина во 1998 година и го привлече вниманието на глобалните потрошувачи за многу кратко време. Денес, Oxette е присутен во многу земји, со малопродажни продавници во сопственост на компанијата, продавници со франшиза и корнери во големи трговски ланци.

Дизајн
Реномираните и препознатливи дизајни на OXETTE се инспирирани од уникатното чувство за стил што ги комбинира елеганцијата, едноставноста и разноврсноста. Креативниот тим на OXETTE се фокусира во создавање парчиња што изгледаат уникатно и софистицирано и кои прозлегуваат од начинот на живот на клиентот преку раскошна комбинација на дизајн, иновација и шарм.

Филозофија на бренд
Брендот OXETTE е создаден за модерни, независни жени и мажи, кои ја сакаат модата и ја користат за да ја изразат сопствената личност и индивидуалност.

Колекции
Колекциите на OXETTE содржат накит, часовници и модни додатоци, кои се внимателно дизајнирани да воспостават рамнотежа помеѓу денешните глобални модни трендови и уметноста.